Американскиот претседател Џо Бајден денеска нагласи дека САД и нивните сојузници „ќе ја продолжат дипломатијата“ со Русија, но предупреди дека се уште постои „голема можност“ за руска инвазија врз Украина.

– САД се подготвени, што и да се случи. Ние сме подготвени со дипломатија, да се вклучиме во дипломатија со Русија и нашите сојузници и партнери за да ја подобриме стабилноста и безбедноста во Европа како целина. И ние сме подготвени одлучно да одговориме на руски напад за Украина, што се уште е голема можност. Сите настани од последните неколку недели и месеци, тоа беше нашиот пристап и останува наш пристап сега – рече претседателот на САД во изјава во врска со руско-украинската криза.

– Се уште немаме потврдено дека руските воени единици се враќаат во своите матични бази. Навистина, нашите аналитичари укажуваат дека тие остануваат во многу заканувачки став – рече американскиот претседтаел.

Бајден рече дека САД не ги потврдиле руските тврдења дека некои воени единици распоредени долж украинската граница ги завршиле вежбите и се вратиле во своите бази и нагласи дека американските аналитичари веруваат дека 150.000 војници што Москва ги собрала долж нејзината западна граница се уште можат да извршат напад по кратко известување.