Фото: Фејсбук/Џо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден, во интервју со блогерот Брајан Тајлер Коен, изјави дека во моментов има две опции, од кои едната е трета светска војна, пренесе ТАСС.

-Имаме две опции. Да ја започнеме третата светска војна и да влеземе во војна со Русија, физички. Втората опција е да се осигураме дека земјата која се однесува толку спротивно на меѓународното право ќе плати за она што го направи – рече Бајден, пренесува МИА.