Од сите региони во светот, Азија сè уште силно се потпира на нуклеарната енергија, дури и по нуклеарната катастрофа во Фукушима што се случи во 2011 година. Јапонија сè уште има 33 активни реактори, а покрај тоа ја започна и изградбата на планираните дополнителни единаесет постројки, според податоците на Светската нуклеарна асоцијација. Индија планира тројно да го зголеми бројот на нуклеарни централи на вкупно 72, додека Кина предложи изградба на 168 нови реактори, покрај 18 што се градат и 37 што се планирани, што би претставувало зголемување од 337 отсто. Севкупно, 35 реактори низ Азија се веќе во изградба, а Европа е на второ место со 15 централи. На Стариот Континент сликата е поинаква, бидејќи регионот се фокусира повеќе на обновливите извори на енергија. Германија планира до крајот на 2022 година да ги исклучи од употреба и преостанатите неколку нуклеарни централи. Италија слично размислува да ги затвори сите преостанати реактори и не предвидува изградба на нови постројки.