Фото: Принт-скрин

Командантот на украинските маринци во опколената фабрика за челик „Азовстал“ во Мариупол објави видео со очајнички апел за помош.

Серхиј Волина, вршител на должноста командант на маринците во „Азовстал“, рече дека има повеќе од 600 ранети борци и цивили во фабриката за челик. Тој вели дека нема лекови или услови за третман на ранетите, додавајќи дека стотици цивили живеат во ужасни услови и дека им снемува храна и вода.

Волина бара веднаш да се евакуираат борците и цивилите од „Азовстал“.