Фото: Принтскрин

Амбасадорот на Русија во САД Анатолиј Антонов денеска изјави дека амбасадата во Вашингтон „се наоѓа под блокада“, сметките на дипломатско-конзуларните преставништва на Русија во земјата се блокирани и се пожали дека високи официјални службеници и конгресмени одбиваат средби со него.

-Како што изгледа амбасадата се наоѓа под блокада од страна на државни структури на САД, сметките на двата наши генерални конзулати во Хјустон и Њујорк се затворени – изјави Антонов за телевизијата „Росија 1“.

Во интервју за изданието „Политико“, амбасадорот претходно изјави дека високи официјални службнеици и конгресмени одбиваат средби со него. Изјави дека амбасадата само одржува „технички контакти“ со администрацијата на претседателот Џо Бајден и дека соработката продолжува но на многу пониско ниво.

Односите меѓу САД и Русија се речиси замрзнати по почетокот воената инвазија на Русија во Украина при крајот на февруари. Во 2021 година САД протераа 12 руски дипломати, а во септември Вашингтон побара протерување на уште 55 вработени во руската амбасада. Амбасадата на САД во Москва пак се намали за 27 вработени, а уште 28 треба да заминат до јуни