Голема семејна трагедија се случи во Глинде кај Хамбург на Божиќ, кога маж убил две деца, ја ранил нивната мајка и се самоубил, пренесуваат германските гласила.

Медиумите јавуваат дека се работи за албанско семејство. Фламур Р. ги убил неговите две деца, а потоа си пукал во глава и починал додека неговата сопруга била во критична состојба.

– Три лица од четиричлено семејство, вклучително и две момчиња на возраст од 11 и 13 години, загинаа во станбена зграда во Глинде во близина на Хамбург доцна на Божиќ – објавија јавниот обвинител и полицијата во понеделникот во Либек.

Очевидци слушнале истрели и ја алармирале полицијата. Само 38-годишната жена преживеала и била примена во болница со тешки повреди.

– Жената не можеше да даде никакви дополнителни информации за самото кривично дело – изјави портпаролот на јавното обвинителство во Либек. Сепак, таа била во состојба да праша за нејзините деца.

Жената е надвор од животна опасност, соопштија надлежните а Комисијата на криминалистичката полиција го истражува мотивот за убиството.

Според првите информации, инцидентот имал семејна позадина. Полицијата и јавното обвинителство најпрво не сакаа да соопштуваат повеќе детали за да се заштити постапката, пренесуваат германските медиуми.