Aвион принудно слета без предните тркала

1524

Авион на компанијата „Мјанмар нешенел ерлајнс“ принудно слетал на меѓународниот аеродром во Мандалеја користејќи ги само задните тркала поради проблеми со предниот дел на леталото.

При слетувањето нема повредени лица.

Во авионот имали 82 патници и членови на екипажот. Непосредно пред слетувањето пилотот пријавил дека има проблеми и оти леталото ќе го приземји само на задните тркала.