Најмалку 49 новинари и други медиумски професионалци се убиени во светот во текот на 2019 година, при што повеќето од половина настрадале во Сирија, Мексико, Авганистан, Пакистан и Сомалија, покажуваат податоците на организацијата Репортери без граници и извештајот којшто ќе биде објавен денеска во Берлин.

Повеќето новинари и медиумски работници се убиени во Сирија (10), Мексико (10), а потоа следат Авганистан (5), Пакистан (4) и Сомалија (3).

Од РСФ исто така велат дека моментално има околу 400 новинари во затворите низ целиот свет, а речиси половина од нив се само во три земји – Кина, Египет и Саудиска Арабија. Само 120 новинари има во затворите во Кина. Повеќе од 40 проценти од нив се аматерски новинари кои и покрај зголемената цензура, се обидуваат да шират информации преку социјалните мрежи.