капетан: Џенаро Арма

Речиси еден месец откако на крузерот на американската туристичка компанија „Дајмонд принцес“ се појави епидемија на коронавирусот, капетанот Џенаро Арма го напушти бродот. Тој беше последен што се симна од крузерот.

Captain Arma was the last to leave Diamond Princess, and he is a hero in the eyes of all of us who are a part of the…

Posted by Princess Cruises on Недела, 01 март 2020

Во еден момент бродот беше најголемо жариште на епидемијата надвор од Кина, потоа и Јужна Кореја, Италија и Иран. По детектирањето на заразата на бродот, тој беше закотвен во јапонскиот град Јокохама и ставен во карантин.

Најмалку 705 од 3.711 патници и членови на екипажот беа заразени, а шестмина починаа. Карантинот требаше да трае две недели, а на крајот за дел од патниците и членовите на екипажот беше продолжен до први март кога последните патнции и членови на екипажот го напуштија бродот.