Министерката за надворешни работи на Еквадор, Марија Фернанда Еспиноза Гарсез изјави дека е неопходно да продолжи дијалогот со Велика Британија за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

– Сакаме да пронајдме решение за Асанж за да ја решиме неговата тешка ситуавција. Неопходно е да продолжи дијалогот со Велика Британија во услови на почитување на сите норми на меѓународниот закон, државните закони и правото на Асанж за слободно движење- изјави Гарсез одговарајќи на прашање на студент на Руската надворешнополитичка дипломатска академија.

Асанж веќе пет години живее во Амбасадата на Еквадор во Лондон, откако еквадорските власти му дадоа азил, со што основачот на Викиликс избегна екстрадиција во Шведска, каде е обвинет за силување.

Асанж е обвинет и во САД поради објавување на доверливи информации.