Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, денеска ќе ја добие својата прва доза од вакцината против коронавирус, на настан што ќе се емитува во живо на телевизија.

Денешниот настан ќе се одржи на истиот ден кога дозите од втората вакцина, произведена од „Модерна“, пристигнуваат во САД, придружувајќи се на „Фајзер“ во создавањето на американскиот арсенал против пандемијата која досега однесе повеќе од 317.000 животи во САД.

– Сакам да се осигурам дека ќе му покажеме на американскиот народ дека вакцината е безбедна – рече Бајден за својата одлука.