Нов американски амбасадор во Русија ќе биде Џон Саливен, актуелен заменик на американскиот државен секретар. За него гласале 70 сенатори, додека 22 биле против.

Во текот на сослушувањето во Сенатот, Саливен ветил дека ќе заземе цврст став кон Русија, силно се спротиставил на повторното соединување на Крим со Русија и ја обвинил Москва за мешање во американските претседателски избори во 2016 година.

Саливен беше именуван за заменик-државен секретар во 2017 година. Од 1 до 26 април 2018 година беше вршител на должност државен секретар, по оставката на Рекс Тилерсон.