Советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон побара од властите на Венецуела веднаш да го ослободат шефот на кабинетот на лидерот на опозицијата и самопрогласен претседател Хуан Гуаидо.

– Мадуро направи уште една голема грешка. Нелегитимното апсење на Роберто Мареро, помошникот на привремениот претседател Хуана Гуаидо, нема да помине без одговор. Тој треба веднаш да биде ослободен и да се гарантира неговата безбедност- напиша Болтон на Твитер.

Агенти на разузнавачката тајна служба на Венецуела денеска го приведоа Марерo и опозицискиот пратеник Серхио Вергара, соопшти партијата на Гуаидо.

Агентите рано утрово упаднале во становите на Мареро и Вергара во Каракас, напиша Гуаидо на Твитер.