Британскиот премиер, Борис Џонсон за Би-би-си изјави дека на 74 лица кои биле затворени поради терористички дела и потоа предвремено пуштени на слобода, ќе им бидат прегледани условните дозволи за излез од затворот.

Министерството за правда започна итна ревизија по терористичкиот напад во петокот на Лондонскиот мост, кога терористот Усман Кан со нож уби две лица, по што беше застрелан од полицијата.

Тој издржал половина од затворската казна и бил условно пуштен на слобода. Бил осуден на неодреден притвор поради „јавна заштита“ со минимална затворска казна од осум години. Оваа казна ќе го задржела во затвор по минимален рок.

Но, во 2013 година Апелациониот суд ја укинал казната, заменувајќи му ја со 16-годишна казна, од која Кан требало да помине само половина во затвор.

Тој бил пуштен по лиценца во декември 2018 година, под услов на „опсежен список услови за лиценца“, рекол помошникот комесар на плицијата, Нејл Басу.