Велика Британија ќе ги врати назад мигрантите кои нелегално се обиделе да влезат на нивната територија од Франција, изјави премиерот Борис Џонсон.

– Ќе ве вратиме назад – одговори Џонсон, на прашање за тоа која е неговата порака кон нелегалните мигранти, бидејќи властите пресретнале чамец полн со мигранти покрај јужниот брег на Англија, пренесе „Ројтерс“.

На Велика Британија не треба да се гледа како место на кое можете да доаѓате и да го кршите законот, посочи британскиот премиер.