Фото: Фејсбук

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон е подготвен да се повлече од преговорите со Европската Унија доколку ЕУ не ги исполни британските барања.

– Тој денес ќе и соопшти на ЕУ дека не е за ненадејни промени, бидејќи е цврст во ставот дека е против 11-часовни брегзит-барања кои пристигнаа од Франција. Неговиот кабинет соопшти дека премиерот ќе ги заврши разговорите доколку ЕУ одбие да отстапи од “нечуените’ барања – пренесува „Ројтерс“.

„Ројтерс“ додава дека претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен и Борис Џонсон попладнево ќе разговараат на телефон за трговскиот договор.