Новиот британски премиер, Борис Џонсон и неговата девојка, Кери Симондс се вселија денеска во Даунинг стрит 10, изјави неговиот портпарол. Со тоа, Џонсон стана првиот британски премиер во историјата кој живее со невенчаната партнерка во премиерската резиденција, јави Си-ен-ен.

Во јавноста се шпекулираше дали Симондс, која брзо стана главна тема во британските таблоиди, ќе му се придружи на Џонсон во Даунинг стрит.

Од кабинетот на Џонсон минатата недела кажаа дека уште не е познато дали двојката ќе живее заедно.

Џонсон уште не е официјално разведен од неговата втора сопруга, Марин Вилер, со која има четири деца, а нивниот развод беше најавен во септември минатата година, по 25 години брак, набрзо откако беше потврдена аферата на Џонсон со Симондс.

Таа била и дел од тимот што ја предводел кампањата на Џонсон на местото градоначалник на Лондон.