Новиот британски премиер, Борис Џонсон, во својот прв говор во Парламентот рече дека Брегзит ќе ја претвори Велика Британија во најдоброто место во светот, пренесува агенцијата „Танјуг“.

– Нашата мисија е да го реализираме брегзит на 31 октомври со цел да го обединиме нашето големо Обединето Кралство и да ја направиме земјата најдобро место во светот – истакна Џонсон.

Тој, исто така, рече дека Лондон нема да номинира кандидат за еврокомесар во новиот состав на Европската комисија.