Американскиот претседател Доналд Трамп е „морално непсособен“ да управува со земјата, изјави во интервју за телевизијата Еј-Би-Си поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми.

– Не верувам во тие истории дека тој e ментално некомпетентен или дека е во прв стадиум на деменција – изјави Коми, кого Трамп го смени од функцијата во мај 2017 година.

Тој во првото интервју откога беше разрешен вели: „Сметам дека тој е морално неспособен да биде претседател“.

Според Коми, американскиот претседател „мора да искажува почит и да ги признае вредностите кои се во срцето на Америка”.

– Најважна вредност се вистината, а овој претседател не е способен да го стори тоа, додаде поранешниот шеф на ФБИ.