Џеф Безос

Сопственикот на компанијата „Амазон“, Џеф Безос, вчера додаде 13 милијарди долари на својата нето-вредност, што претставува најголем еднодневен скок за поединец откако постои индексот за милијардиери на „Блумберг“ од 2012 година.

Акциите на „Амазон“ пораснаа 7,9 проценти, најмногу од декември 2018 година, поради растечкиот тренд за онлајн-купувања и нарачки, со што годинава имаат раст од 73 отсто.

Безос (56) е најбогатиот човек во светот, а неговото богатство во 2020 година од 74 милијарди долари се зголеми на 189,3 милијарди, и покрај тоа што САД влегоа во најлошиот економски пад по големата депресија.

Другите технолошки гиганти исто така остваруваат добивики, делумно поради тоа што луѓето се принудени да останат дома поради пандемијата на коронавирусот.