Јавното обвинителство на Анкара издаде наредба за апсење на 32 осомничени лица во рамки на истрагата за обидот за пуч во Турција во 2016 година, објави телевизијата НТВ.

Осомничените се припадници на турската крајбрежна стража, за кои е утврдено дека  одржувале врски со мрежата на исламскиот проповедник  Фетулах Ѓулен, кој живее во САД.

Меѓу лицата за кои биле издадени налози за апсење има двајца полковника. Четворица од осомничените се во активна служба.
Акциите за апсење на 32-те лица се спроведуваат во десет турски окрузи. Досега се приведени 23 лица.

Според турските власти, мрежата на Фетулах Ѓулен стои зад обидот за државен удар во Турција во 2016 година.

Повеќе од 250 луѓе беа убиени, а околу 2.200 повредени при пучот.
Движењето на Ѓулен  во Турција се смета за терористичка организација.