Првата жена-градоначалник на главниот град на Холандија размислува за затворање на познатиот кварт на „црвени фенери“ во Амстердам поради лошите услови за работа на сексуалните работници, дознава „Гардијан“.

Фемке Халсема, која е поранешна лидерка на националната Зелена партија од лани е на градоначалник на градот, изјави дека градот „мора да се осмели да размислува за квартот на ‘црвени фенери’ без проституција“.

Ова е една од можностите кои ќе бидат отворени за дебата и консулстација за време на летниот период, се со цел да се сузбие трговијата со луѓе и да се намали бројката на туристи во тесните улички и канали во овој дел од градот.

Освен целосното затворање на целиот кварт на „црвени фенери“ во Амстердам, другите можности вклучуваат забрана за изложување на девојки на излози додека проституцијата би продолжила да биде легална и релокација на дел од овие излози. Постои можност и за отворање на многу повеќе излози за да се намали побарувачката, но во дел од градот кој би бил одделен со рампи за да не се создава дополнителен метеж.

Минатогодишната ревизија на 10-годишниот проект регулација на квартот на „црвените фенери“, вклучувајќи и затварање на 100 прозорци на бордели и дополнителни проверки на сопствениците, не успеаја да ја намалат трговијата со луѓе во Амстердам.