Во 2017 година, во еден извештај на Центарот за популарна демократија и на Проектот за закон за црните животи и младината беа анализирани полициските буџети на повеќе големи градови во Америка. Новите податоци за 2020 година покажуваат дека американските полициски оддели сè уште добиваат астрономски удел од дискрециските фондови во споредба со други клучни програми за заедницата. Полициските буџети се големи и во 2020 година, а се движат во размер од 20 до 45 отсто од дискрециските фондови во најголемите градови.

Извештајот истакнува дека зголеменото финансирање на полицијата во сите градови анализирани во извештајот од 2017 година (иако податоците за оваа година не беа достапни за Минеаполис) и бројките за новите градови вклучени во анализата покажуваат дека настанале некакви реформи. Милвоки се посочува како пример каде што граѓанските групи успешно барале намалување на инвестициите во полицијата, па, така, сега полицискиот буџет е значително намален во споредба со претходните години.

Истите трендови се забележуваат во изминатите години во најголемите градови, со тоа што буџетот на њујоршката полиција од 5,6 милијарди долари изнесува 7,7 отсто од генералниот фонд на градот Њујорк. Градот го користи генералниот фонд за поддршка на општинските служби како полицијата, пожарната и парковите, како и за планирање, развој на заедницата и дополнителни административни услуги.

Уделот на генералниот фонд е многу поголем во градовите како Лос Анџелес. Според извештајот, полицијата во Лос Анџелес за 2020 година има буџет од 1,7 милијарда долари што е околу една четвртина од генералниот фонд. Уделот на Чикаго е уште поголем, односно 37 отсто од вкупниот полициски буџет од просечно 1,68 милијарда долари. Во Минеаполис каде што беше убиен Џорџ Флојд, полицискиот буџет изнесувал 35,8 отсто од генералниот фонд во висина од 163 милиони долари, според извештајот од 2017 година.

Подготвил: Митко Јовановски