Претседателот на Европска комисија, Жан-Клод Јункер изрази сомневање дека романската Влада знае што значи да се претседава со Европска унија во следните шест месеци.

– Романија технички е многу добро подготвена за шестмесечното претседателство со Советот на ЕУ, што почнува на 1 јануари. Но, сметам дека Владата во Букурешт целосно не разбира што значи да се претседава со земјите од ЕУ… Треба да се слушаат другите и да се остават настрана сопствените грижи, истакна Јункер во интервју за „Велт ам зонтаг“.

Според него внатрешните политичките недоразбирања во Романија се сигнал дека земјата на европската сцена не изгледа како целина.

– Дома е неопходен единствен фронт за да се охрабри единството во Европа за време на претседавањето со Советот на ЕУ, наведе Јункер.