Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека не би требало да му се суди на Карл Маркс врз основа на злосторствата кои децении по неговата смрт ги извршиле неговите следбеници.

– Маркс не е одговорен за злосторствата кои ги извршија неговите наводни наследници – изјави синоќа Јункер на церемонијата за одбележување на 200 години од раѓањето на Маркс во германскиот град Трир.

Статуа на Маркс, висока 4,4 метри, донација од Кина, ќе биде откриена денеска во Трир, неговото родно место.

Германските групи кои ги претставуваат интересите на жртвите на комунизмот ја критикуваат прославата за годишнината од раѓањето на Маркс.