На регионот Западен Балкан, итно му е потребна европска перспектива, изјави Претседателот на Европската комисија(ЕК), Жан-Клод Јункер, во своето обраќање на конференцијата под наслов „Членовите на Заедницата: Солидарност во Европа”, што се одржа во италијанскиот град Фиренца.

Според него, ако не се отвори европската перпектива за Западен Балкан, би можело да се случи повторување на проблемите и трагедиите од минатото.

Јункер предупреди дека Европа во последниот период, ја погодуваат различни кризи, истакнувајќи дека солидарноста полека се губи, што најдобро се покажало со мигрантската криза.