Претседателот на Европската комсија, Жан-Клод Јункер изјави дека треба да се вложат сите напори за опстојување на Договорот за иранската нуклеарна програма и покрај повлекувањето на САД од него.

– Пропаѓање на Договорот сериозно ќе ги загрози мирот и стабилноста во тој турболентен регион, изјави Јункер пред заминувањето на Самитот на ЕУ во Софија.

Тој нагласи дека на средбата во Софија би сакал европските лидери да изградат заеднички став кон иранскиот нуклеарен договор и кон најавите од САД за санакции кон компаниите што ќе соработуват со Иран, со кои би можеле да бидат опфатени и некои европски фирми.