Јужна Кореја денеска изврши успешен тест на ракетен мотор, со што го трасира патот за развој на сопствен систем за лансирање вселенски ракети.

Како што јави јужнокорејската агенција Јонхап, моторот на течен погон успешно лансирал ракета тешка 52 тони и долга 25,8 метри, од вселенскиот центар „Наро“ на јужниот брег на земјата.

Моторот е дизајниран и развиен од Корејскиот институт за аеронаутички истражувања (КАРИ), како дел од проект за кој се издвоени 1,8 милијарди долари.

Овој моторот ќе биде искористен како погон за првата јужнокорејска ракета-носач од домашно производство.