Шинзо Абе

Јапонскиот премиер Шинзо Абе рече дека сака да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

– Решен сум да го запознаам Ким Ким Џонг-ун лично, лице в лице, без никакви услови – рече Абе во Њујорк, каде што присуствува на Генералното собрание на ООН, пренесува АП.

Тој додаде дека сака Јапонија да ги нормализира односите со Северна Кореја и да ги реши проблемите од минатото.

Тој исто така рече дека ја поддржува политиката на Доналд Трамп, според која двајцата лидери зборуваат искрено и се обидуваат да ги решат проблемите.

Односите меѓу двете земји се затегнати откако Јапонија ја колонизираше Кореја уште пред да се подели земјата, соопшти агенцијата.

По Втората светска војна и поделбата на Кореја, продолжија голем број проблеми и несогласувања меѓу двете држави, од блискоста на Јапонија со САД до киднапирање на јапонски државјани во Северна Кореја.

И претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, повика во Њујорк на продлабочување на односите со Северна Кореја во замена за напредокот во нуклеарното разоружување.

Мун им рече на лидерите во Генералното собрание на ООН дека Јужна Кореја ќе ја „гарантира безбедноста на Северна Кореја“ и се надева дека Пјонгјанг ќе го стори истото за неговата земја.