Силен тајфун се движи кон најјужните јапонски острови, а метеролозите прогнозираат дека е можно тој да ја промени насоката и да се упати кон централниот дел на архипелагот.

Поради тајфунот, кој го носи името Трами, се откажани стотици летови  во Јапонија, а крајбрежните градови се подготвуваат за големи бранови, како и за опасноста од откорнати дрвја.

Во жариштетот на тајфунот дуваат ветрови со брзина од 162 до 220 километри на час.

Јапонија веќе беше погодена од неколку силни тајфуни во текот на годинава, а ова е 24-от тајфун во целата сезона. Во претходните бури и во поплавите што тие ги предизвикаа загинаа 220 лица.