Jапонските власти наредија евакуација на населението од околината на древниот град Кјото, поради поројните дождови во западните региони, при што загина едeн човек. 

Околу 160.000 лица беа посоветувани да се евакуираат откако метеоролозите предупредија дека врнежите, кои ги нарекоа „историски“,  може да продолжат до крајот на неделата. 

– Неопходна е сериозна претпазливост- изјави на  прес конференција  претставник на Јапонската метеоролошка служба и предупреди за можни лизгања на земјиштето и силни ветрови.

Јапонската радио-телевизиска корпорација соопшти дека еден градежен работник починал во западната префектура Хјого, откако бил вовлечен во канализација, а две лица биле повредени, обидувајќи се да го спасат.