Земјотрес со јачина од 6,6 степени го потресе североистокот на Јапонија.

Епицентарот бил на брегот на префектурата Мијаги, на длабочина од околу 60 километри.
Како што јави „Ројтерс“, потресот бил почувствуван и во Токио.
Не е издадено предупредување за цунами.
Засега нема информации за повредени или штети.