Јапонската полиција денеска открила остатоци од најмалку пет лица во дрвен брод за кој се сомнева дека допловел од Северна Кореја. Бродот е пронајден на островот Садо во северозападната префектура Нигата.

Дрвениот брод имал букви и бројки на корејски јазик.Според крајбрежната стража, ова е втор пат во еден месец на брегот на островот Садо да биде пронајден дрвен брод.