Со температури кои достигнаа од 38 степени Целзиусови, пожарникарите во Шпанија се борат против пожарите кои избувнаа во регионот на Мадрид, пренесува „Гардијан“. 

Пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола пожарот кој го зафати регионот на Мадрид и Кастила-Ла Манча, кој веќе уништи околу 5.000 хектари шума. 

Пожарот избувнал во петокот во близина на Толедо, откако оној во близина на Тарагона во северо-источна Шпанија беше ставен под контрола, а пред тоа уништи 15.000 хектари шума. 

Со пожарот се справуваат околу 250 пожарникари, два авиона и пет хеликоптери. Околу 400 луѓе беа евакуирани од областа. Засега нема пријавени повредени.