Рускиот претседател Владимир Путин наложи армијата да помогне во борбата против шумските пожари кои горат ширум Сибир и во кои досега изгореа неколку милиони хектари земјиште.

Русија вчера во четири региони прогласи вонредна состојба поради пожарите. Мерките се однесуваат на целата територија на регионите Иркутск и Краснодар, два реони на Бурјатија и еден во Јакутија.

Од пожарите вкупно се зафатени 2,7 милиони хектари.

Путин по средбата со министерот за вонредни ситуации, Евгениј Зиничев, му наложи на Министерството за одбрана да се приклучи во борбата против пожарите.

Веднаш по оваа одлука, руското Министерство за одбрана соопшти дека испратило десет авиони и десет хеликоптери на подрачјето на Краснојарск, кое што е најпогодено од пожарите коишто ги гаснат 800 пожарникари.

Вкупно 2.700 пожарникари се ангажирани за гаснење на пожарите.

Шумските пожари се невообичаени за Сибир а предвикани се од температурите кои достигнаа 30 степени, сувите грмушки и од силниот ветер.