Провокативното сценарио во Сирија го подготови Вашингтон, изјави постојаниот претставник на Русија во Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ), Александар Шулгин на денешната седница на ОПЦВ.

– Сè се развиваше според сценариото, кое однапред го подготви Вашингтон. САД, Велика Британија, Франција и уште некои држави брзо ја обвинија сириската власт по лажните вести од „Белите шлемови“ – изјави Шулгин.

Тој додаде дека, потоа се издадени „бучни“ соопштенија дека постојат некои доверливи податоци дека сириската Влада повторно сторила злосторство против сопствениот народ и оти тоа не смее да мине неказнето.

– Не им пречеше што ситуацијата беше апсурдна, бидејќи Источна Гута всушност беше ослободена и постигнат беше договор со последните екстремистички групи во Дума дека ќе им биде обезбеден хуманитарен коридор, за да имаат безбеден премин, заедно со своите семејства, да отидат во провинцијата Идлиб – рече Шулгин.

Тој, видео записот објавен по наводниот напад со хемиско оружје, го нарече провокација и рече дека „псевдохуманитарната невладина организација, како што е ‘Белите шлемови’, ја направила снимката“.

– Ниту еден сведок ниту пациент во болница не е пронајден. Не се пронајдени никакви траги од хемиско оружје. Успеавме да ги најдеме тие кои учествуваа во создавање на овој лажен видео запис, кој е прикажан како доказ за напад со хемиско оружјен – рече Шулгин на денешната сеница на ОПЦВ.