Спасените мигранти, кои неколку дена се наоѓаат на брод на италијанската крајбрежна стража во пристаниште на Сицилија, денеска почнаа штрајк со глад, соопшти опозицискиот сенатор Давид Фараоне.

Тој вчера ги посети мигрантите на бродот „Дичиоти“ и денеска на Твитер напиша дека пристанишните работници му рекле дека постојат тензии на бродот и дека мигрантите престанале да јадат во знак на протест против одлуката на италијанската Влада да не им дозволи влез во земјата.

Мигрантите се спасени на 16 август во Средоземното Море, а 150 од нив сè уште се на бродот, додека од него слегоа само болните и малолетни лица.