Ширум Франција денеска дојде до прекини на електричната енергија поради штрајкот на работниците кои се приклучија на протестот против плановите на владата за реформа на францускиот пензиски систем.

Производството на електрична енергија утрово падна скоро седум гигавати (GW), покажуваат податоците на француската електроенергетска компанија ЕДФ .

Французите започнаа протести против пензиската реформа на 5 декември минатата година.
Претседателот Емануел Макрон рече дека пензискиот систем треба да се поедностави, додека противниците велат дека промените ќе ги принудат луѓето да работат подолго.