Првичната проверка на познатата телевизија Ен-би-си покажува дека шефот на Белата куќа во својот обраќање пред Конгресот отворено ги мешал фактите со лагите

Познатата американската телевизија Ен-би-си изврши проверка на фактите изнесени во говорот на претседателот Доналд Трамп за состојбата на нацијата. Станува збор за трето вакво обраќање на Трамп. Првичната анализа покажува дека шефот на Белата куќа во својот говор пред Конгресот отворено ги мешал фактите со лагите. Во продолжение следува проверката на Ен-би-си на клучните пораки од обраќањето.
Тврдење 1: „Благодарение на нашата смела регулаторна кампања, САД станаа светски производител број еден на нафта и гас“.
Факти: САД се најголем производител на природен гас од 2011 година и на нафта од 2014 година, според Американската администрација за енергетски информации. Трамп ја презеде функцијата во 2017 година.

Тврдење 2: „По загубата на 60.000 фабрики во претходните две администрации, сега САД има 12.000 нови фабрики под мојата администрација“.
Факти: Трамп генерално е целосно во право, иако неговите податоци се малку изменети. САД изгубија 53.659 фабрики за време на двете претходни администрации, а не 60.000, според Бирото за статистика на трудот. Но тој е во право кога порача дека тој тренд се сменил под негова администрација. Помеѓу 2017 година и второто тримесечје од минатата година, во САД се отворени 12.074 фабрики.
Тврдење 3: „По мојот избор, создадовме седум милиони нови работни места, пет милиони повеќе отколку што предвидуваа владините експерти во претходната администрација“.

Факти: Овие бројки се заблуда. Трамп исто така ја смета и работата под администрацијата на Обама. Сепак, економијата не се движеше толку брзо. Откако Трамп ја презеде функцијата, земјата отворила 6,7 милиони работни места за 36 месеци. Тој исто така смета дека тоа е невиден успех што никој не можел да го предвиди, но не е така. За 36 месеци пред преземањето на функцијата на Трамп, Обама создаде 8,2 милиони работни места.
Тврдење 4: „Доколку не ги сменевме неуспешните економски политики на претходната администрација, светот сега немаше да биде сведок на овој голем економски успех“.
Факти: Економистите веруваат дека тековниот период на економски пораст почна со администрацијата на Обама. Некои велат дека намалувањето на даноците на Трамп можеби го поттикнал, но економијата не се намалила кога Трамп ја презеде функцијата.

Тврдење 5: „Стапките на невработеност меѓу Афроамериканците, Латиноамериканците и Азијците достигнаа најниски нивоа во историјата“.
Факти: Тоа е точно. Стапките на невработеност за секоја од тие заедници достигнаа најниски нивоа во историјата, иако сите три се зголемија малку по достигнувањето на овие најниски нивоа.
Тврдење 6: „Им дадов железни ветувања на американските семејства: ние секогаш ќе ги заштитуваме пациентите под сегашни услови“.
Факти: Ова е лага. Тврдењето е верифицирано претходно, затоа што Трамп го зборуваше тоа со години. Но доказите го негираат: администрацијата на Трамп почна судски процес во кој се тврди дека поддршката на Обама под сегашните околности е нелегална и Белата куќа не предложи алтернативно законодавство.
Тврдење 7: „Со задоволство објавив минатата година дека првпат во 51 година, цената на лекови на рецепт всушност се намалува“.

Факти: Лага. Трошоците за лекови на рецепт се зголемуваат, особено за брендирани лекови, се наведува во анализата на „Асошиејтед прес“.
Тврдење 8: „Пред да стапам на должност, парите за здравствено осигурување се дуплираа во рок од пет години. Реагирав брзо да дадам прифатлива алтернатива. Нашите нови планови се до 60 проценти поевтини и подобри“.
Факти: Тоа е половина точно. Парите за здравствено осигурување двојно се зголемија за пет години, според владиниот извештај и плановите на Трамп може да излезат многу поевтини. Но овие планови се евтини поради друга причина: тие опфаќаат многу помала грижа и вклучуваат голем број ризици.