Штетите од несреќата во понеделникот на автопатот близу аеродромот кај италијанскиот град Болоња, по која избувна голем пожар во кој загина едно лице, а околу 140 беа повредени, се проценети на 10 милиони евра.

Претставник на службата за цивилна заштита на Болоња информира дека според досегашната проценка, при пожарот се уништетни десетина возила и се предизвикани штети на два ватосалони, на една продавница и на една станбена зграда.

Според него, оваа проценка на штетите не е конечна, бидејќи останува да се утврдат уште оштетувањата на две училишта.

Несреќата се случи при судар на два камиони, од кои едниот пренесувал запаливи материјали, при што дојде до експлозија и пожар кој од автопатот се прошири на блискиот паркинг.

При експлозијата е оштетен и мост на автопатот, за чија санација според италијанскиот министер за инфраструктура и транспорт Данило Тонинели, ќе бидат потребни најмалку пет месеци и околу милион евра.