Шпанската крајбрежна стража спасила 141 мигрант од неколку бродови помеѓу Шпанија и Мароко. Мигрантите, меѓу кои имало жени и деца, се префрлени во шпанското пристаниште Алмерија.

Околу 11.000 мигранти стигнале преку морски пат во Шпанија од почетокот на годинава, а 203 мигранти настрадале за време на патувањето, објави Меѓународната организација за миграции (ИОМ).

Од јануари 682 лица исчезнале во Медитеранот, а околу 31.600 пристигнале во некое пристаниште, додаде организацијата.