Персоналот на некои домови си заминал по избивањето на пандемијата, велат шпанските власти

Шпанските војници што помагаат во борбата против пандемијата на ковид-19 во земјата откриле домови за стари лица во кои постарите пациенти биле напуштени, а во некои случаи дури и оставени мртви во креветите, поради страв од ширење на коронавирусот, соопшти Министерството за одбрана на Шпанија. Државното обвинителство најави дека ќе поведе истрага.

Шпанската министерка за одбрана, Маргарита Роблес, изјави дека Владата „ќе биде „строга и нефлексибилна“ кога станува збор за начинот на кој се постапува со постарите луѓе во пензионерските домови. Министерството за одбрана соопшти дека персоналот во некои домови заминал по избивањето на вирусот.
Шпанската војска беше повикана да помогне во дезинфекцијата на старските домови во Шпанија, една од земјите што се најтешко погодени од коронавирусот. Шпанија досега има регистрирано над 35.000 случаи на коронавирус и над 2.300 жртви, од кои само неделава над 6.600 случаи и речиси 600 жртви. Властите вчера објавија дека ќе го користат лизгалиштето во Мадрид како привремена мртовечница за жртвите на ковид-19, пренесе Би-би-си.