Шпанија се договори со ЕУ за Гибралтар, со што се отвора патот за непречено одржување на утрешната средба на врвот во Брисел, на која треба да се одобри договорот со Велика Британија за Брегзит и да биде усвоена политичка декларација за идните односи меѓу двете страни.

Договорот за Гибралтар го обезбедија претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и шпанскиот премиер Педро Санчез, соопштија западните медиуми.

Шпанија бараше промени во нацрт-договорот за Брегзит и изјава за идните односи со цел да биде јасно дека секоја одлука на оваа британска територија ќе биде донесена само во директни преговори со Мадрид.