Шпанија се закани дека ќе го откаже европскиот самит на врвот што утре треба да се одржи во Брисел и на кој треба да биде потврден договорот за истапување на Обединетото Кралство од Европската унија(ЕУ) ако не добие „гаранции“ за иднината на Гибралтар по Брегзит.

Тоа барање е последната пречка за едногласното прифаќање на глобалниот договор на утрешниот состанок откако преговарачите го заврѓија „договорот за напуштање“ и „политичката изјава во која во груби црти се оцртвуваат врските меѓу Лондон и ЕУ по Брегзит.

– Ако нема договор(за Гибралтар), јасно е што ќе се случи. Европскиот совет најверојатно нема да се одржи – рече вчера во Хавана шпанскиот премиер Педро Санчез, при тоа додавајќи дека „гаранциите не се доволни“ и дека заради тоа „Шпанија го задржува ветото на договорот за Брегзит“.

Мадрид бара да добие написмено право на вето на сите идни преговори во врска со иднината на Гибралтар, британска енклава на југот на Шпанија која врз неа го полага правото на суверенитет.