Руските оружени сили од 2012 година се побогати за повеќе од 200 интерконтинентални балистички ракети, и копнени и за подморници, соопшти денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Тој појасни дека Министерството за одбрана согласно декретот на рускиот претседател Владимир Путин во 2012 година усвоило план за активност до 2020 година.

– Како резултат на тоа, во последните шест година, оружените сили добиле 109 интерконтинентални балистички ракети и 108 ракети за подморници, изјави Шојгу во Долниот дом на рускиот Парламент.