Рекорден број на возрасни лица кои се бездомници во Њујорк, па дури и оние што имаат покрив над главите живеат несигурно, што е дел од трендот на територијата на целата земја, а спротивен на наративното економско закрепнување што го рекламираат политичарите, пренесува РТ.

Повеќе сами возрасни од кога и да било порано спијат во засолништата во Њујорк, а бројот на бездомни семејства се доближува до јануарскиот рекорд од 63.839 мажи, жени и деца кои спијат во засолништа, покажува новиот извештај на Коалицијата за бездомници. Тој број дури и не ги вклучува бездомниците кои го избегнуваат системот засолништа, спијат по улици, во возовите или во напуштени згради или други импровизирани живеалишта, што значи дека вистинскиот број бездомници е веројатно многу поголем.

Бездомната популација во ноќните засолништа го соборија градскиот рекорд по бројност дури 32 пати во изминатите шест месеци што е шокантна статистика дури и кога се гледа во контекст на рекордните 133.284 лица кои поминале најмалку една ноќ во засолниште во 2018 година.

Бројот на бездомници во Њујорк постојано се зголемува по падот од 2008 година, а популацијата во засолништата оттогаш е двојно зголемена.

Коалицијата им даде на градоначалникот Бил де Бласио и гувернерот Ендрју Куомо повеќе негаитивни оценки за нивното справување со ситуацијата, обвинувајќи ги за влошување на проблемот со одолговлекување на изградбата и одржувањете ефтини станови.

И покрај ветувањето на Бласио од 2017 година дека ќе го намали бездомното население за 2.500 луѓе за пет години, нивниот број продолжува да се зголемува и è на пат да се зголеми двојно. Извештајот на Коалицијата препорачува градските и државните власти да изградат и да сочуваат 30.000 повеќе евтини станбени единици и да ги зголемат субвенциите за изнајмување и заштитата на станарите, кои во голема мера исчезнаа во градот бидејќи Менхетен, па дури и Бруклин станаа многу гентрифицирани (н.з урбанистички процес во кој неугледни делови на еден град се населуваат граѓани од средна класа).

Цели 14 отсто од американските бездомници живеат во Њујорк, вели Министерството за домување и урбан развој.

И обезбедување покрив над глава во Њујорк не е евтино. Во март извештајот на „ATTOM Data Solutions“ посочи дека цените за домување во Њујорк се највисоки во земјата, па купувачите треба да потрошат 115 отсто од нивниот приход за да купат дом.

Повеќе од една третина њујорчани тврдат дека не можат да си ги дозволат високите трошоци за живот, а 41 отсто стравуваат дека ќе бидат принудени да се преселат на други места поради економски причини, според анкетата спроведена во март.