„Демократско барање“ за пренесување на власта од британскиот во шкотскиот парламент, за да се овозможи втор референдум за независност на Шкотска ќе биде објавено неделава, како што најави лидерката на шкотската Национална партија (СНП), Никола Старџен.

– Она што го сакаат повеќето луѓе во Шкотска е многу поразлично од она што го претпочита остатокот од Велика Британија. Треба да имаме право да разгледаме алтернатива на независноста – истакна Старџен за Скај њуз.