Четворица војници и двајца цивили загинаа денеска во лавина на глечерот Сиачен, на источниот крак на Хималаите и на надморска височина од околу 5.700 метри, додека осум лица останаа заробени, соопшти индиското министерство за одбрана.

– Причина за смртта е екстремна хипотермија – изјави портпаролот на министерството и додаде дека две лица кои биле заробени во снегот се спасени.

Индискиот портал „Индиа тудеј“ јави дека спасени сите осум заробени војници.

Седум лица се здобиле со сериозни повреди и тие со хеликоптери се префрлени во најблиската воена болница.

Глечерот Сиачен е познат како највисока воена област на светот.