Премиерот на Италија, Џузепе Конте, изјави денеска дека шест европски земји сакаат да ги преземат 147 мигранти кои се блокирани на шпански хуманитарен брод во водите на Италија.

Во отворено писмо до министерот за внатрешни работи Матео Салвини, тој наведува дека Франција, Германија, Романија, Португалија и Луксембург ќе „подадат рака“.

Шпанскиот хуманитарен брод „Опен армс“ со 147 мигранти денеска се вкотви во италијански територијални води и чека одобрување да вплови во пристаниште на островот Лампедуза, откако го дозволи тоа Административниот суд во Рим.

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини забрани бродот да влезе во пристаништето, додека министерката за одбрана Елизабета Трента одби да ја потпише забраната на Салвини.
Административниот суд во Рим вчера донесе пресуда дека бродот на шпанска хуманитарна организација „Опен армс“, може да вплови во италијанските води.