Шест американски бомбардери Б-52 денеска прелетуваат  над сите 30 земји-членки на НАТО. Станува збор за планирана вежба, објави американската команда за Европа.

Во соопштението се додава дека ова е единствена мисија на оперативните бомбардерски групи (БТФ) во Европа, што редовно се повторува.

 – Шест стратешки бомбардери на воздухопловните сили Б-52 Стратофорс ќе летаат над сите 30 земји на НАТО во Европа и Северна Америка на 28 август – наведува американската команда.

– Денеска САД ќе ја покаже својата силна посветеност на НАТО со шест бомбардери Б-52, кои ќе ги прелетаат сите 30 земји-членки. Тие ќе бидат придружувани од десетици летала од алијансата. Работејќи заедно, се посветуваме на нашата основна мисија: одвраќање на агресија, спречување конфликт и зачувување на мирот – напиша Столтенберг на Твитер.